in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Посен рецепт: Превкусни кофтиња од риба кои ќе ги обожавате

Велигденските пости се во тек, па сите кои се придржуваат до традициите и христијанските обичаи се трудат да си ја прилагодат исхраната.

Големата заблуда е дека посната храна е монотона, невкусна и слично. Со малку труд секоја посна храна може да се претвори во вистински вкусен ѓакон во кој сите ќе уживаат.

Еден од таквите деликатеси се ќофтињата од риба, кои одлично се комбинираат со салата од компири или со посен пребранац.

Состојки:

  • – филети од сом или ослич, 1,5 кг
    – чадени филети од сом, 200гр.
    – ориз, 400 гр
    – праз, 1 половина
    – кромид, 1 глава
    – лук, 5 чешниња
    – пиперка, 1 лажица масло
    – сода бикарбона, половина кафена лажичка
    – презла, 5 лажици
    – сол, бибер

Подготовка:

Кромидот и празот исчистете ги и ситно исечкајте ги и пржете ги во масло и малку вода. Филетите од риба, чадени и свежи, исечкајте ги и мелете во блендер или мелница за месо.

Сварете го оризот. Кога ќе биде готов, исцедете го и истурете го во сад, во кој ќе ставите и мелена риба, зачини, пржен кромид, како и сечкан лук, пипер, презли и сода. Додадете зачини по желба и месете ја смесата со рака, додека не се соединат сите состојки.

Оставете го во фрижидер два часа, а потоа со малку подмачкани раце обликувајте ги ќофтињата, виткајте ги во презла и пропржете ги на масло.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote