in

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ КОЈ ВО ЕВРОПА Е НАЈАКТИВЕН НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ?!

Во ЕУ, 57 проценти од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години учествувале во социјалните мрежи во 2020 година, објави Евростат по повод Светскиот ден на социјалните мрежи, што се одбележува денес.

Во 2019 година, во трите месеци што претходеа на истражувањето, 54 проценти од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години беа на социјалните мрежи.

Европската статистичка служба исто така изјави дека 36% од граѓаните на ЕУ биле на социјалните мрежи во 2011 година, кога започна собирањето податоци.

Меѓу членките на ЕУ, Данците учествуваат најмногу на социјалните мрежи (85 проценти), по што следат граѓаните на Белгија, Кипар, Финска и Унгарија (помеѓу 74 и 79 проценти).

Кога станува збор за млади луѓе на возраст меѓу 16 и 24 години, во просек, девет од десет се на социјалните мрежи, со 79 проценти во Италија и 97 проценти во Данска.

Меѓу постарите лица, на возраст од 65 до 74 години, само една петтина се на социјалните мрежи, најмалку во Хрватска (10 проценти) и најмногу во Данска (60 проценти).

Учеството во социјалните мрежи вклучува активности како што се креирање на кориснички профил, објавување пораки или други прилози.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote