Индонезијците кои одбиваат да носат маска за да го спречат ширење на коронавирусот во Џakакарта, главниот град на државата, можат да изберат казна – да платат 17 долари или да лежат во ковчег една минута.
Властите ја воведоа оваа необична мерка за да ги натераат оние што не носат маска да размислуваат за опасните последици од нивното однесување, откако последниве денови дневниот број на новоинфицирани лица надмина илјада.
„Размислете што ќе се случи ако добиете ковид-19“, му рече официјално лице на човекот кој направи прекршок и беше натеран да лежи во ковчегот.
Покрај тоа, градските власти поставија лажни ковчези и плакети со бројот на заразени на нив, со цел да ги потсетат луѓето за последиците од непочитувањето на одлуката за носење маски.
Индонезија забележа повеќе од 180.000 заразени и над 7.600 смртни случаи од ковид-19, пренесуваат тамошните медиуми.
Коментари
Loading…