in

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО Е УБИЕНА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО САД? Таа пред инцидентот испрати застрашувачка порака преку Twitter! [ФОТО]

Таа е една од четирите жртви кои загинаа за време на хаосот во Вашингтон.

Американските медиуми го открија идентитетот на жената која беше убиена во средата вечерта при обид да се пробие во Конгресната сала, каде се одржа седница за да се потврди победата на eо Бајден на претседателските избори.

Ешли Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство од Сан Диего, е убиена, пренесува Њујорк пост.

Непосредно пред упадот на Трамп во Конгресот, таа напиша на Твитер дека „ништо нема да ги спречи“ и дека „бурата пристигна“.

Ништо нема да не спречи. Може да се обидат, но бурата е тука и се спушта во ДЦ (Вашингтон) за помалку од 24 часа. Темнината се претвора во светлина – напиша Ешли вчера на Твитер.

Само неколку часа пред таа, заедно со другите приврзаници на Трамп, да упаднат во Конгресот, Бебит објави на Твитер листа на работи „мора да се направат пред Конгресот да се состане денес“.

Видеото во прилог може да ве вознемири!

На нејзината листа беа оставката на потпретседателот Мајк Пенс и обвинението против него за предавство.

Да потсетиме, Пенс не сакаше еднострано да одбие верификација на изборните гласови вчера, поради што Доналд Трамп го повика на Твитер.

Во моментот кога беше убиена се појави како видео на социјалните мрежи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote