Студијата од 2004 година објавена во Journal of Medical Entomology ги разгледа преференциите на крвната група на комарците Aedes albopictus, познати и како азиски тигрести комарци. Овој вид е познат носител на вирусите чикунгуња, денга, зика и жолта треска.
Истражувачите откриле дека комарците почесто слетуваат на луѓе со крвна група 0 (83,3 проценти) во споредба со оние со крвна група А (46,5 проценти).
Исто така, со дополнителни тестови, истражувачите откриле дека инсектите повеќе ги привлекуваат оние со H антигенот (оној од крвната група О). Следува антиген А (крвна група А), во многу поголема мера од Б.