in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Кокосово масло благодет од природата: 10 неверојатни здравствени придобивки!

Coconut and coco oil

Кокосовото масло има пријатен мирис, содржи вода и мала количина на масни киселини. Маслото од кокос е вистинско богатство за човечкиот организам, а најдобро е кога се користи на празен желудник. Поради тоа, не е ни чудно што кокосовото масло е се’ попопуларно.

Може да се наведат барем 10 одлични здравствени придобивки од кокосовото масло, ако го земате наутро на празен стомак.

1. Го намалува струкот

Научниците откриле дека луѓето што на празен стомак консумираат 1-2 лажици кокосово масло дневно можат да го истанчат својот струк, затоа што ова масло ефикасно ги согорува калориите кои се акумулираат во организмот.

2. Го поттикнува слабеењето

Ако моментално практикувате ригорозна исхрана или редовно вежбате, обидете се да консумирате кокосово масло на празен желудник. Причината е што маслото од кокос може да поттикне поефикасно губење килограми.

3. Ја намалува потрошувачката на храна

Кокосовото масло побрзо го заситува желудникот, па така му овозможува да ја ограничи потрошувачката на храна што треба да се внесе во организмот.

4. Му помага на дигестивниот систем да ја постигне својата оптималност

Консумирањето кокосово масло на празен желудник е исклучително препорачливо за варењето. Состојките што ги содржите маслото од кокос му помага на системот за варење да функционира на најдобриот можен начин.

5. Помага за апсорпција на хранливи материи

Оптималната апсорпција на хранливите материи е неопходна за телото да биде совршено здраво. Токму употребата на кокосово масло е еден од начините сите нутриенти од храната да се впијат на начин што ќе се искористат сите нивни хранливи потенцијали.

 

6. Ги согорува маснотиите

Во здравствените придобивки на консумирањето кокосово масло на празен желудник се вбројува и тоа што масните киселини што ги содржи ова масло лесно ги трансформираат маснотиите во енергија.

7. Се бори против воспаленија

Кокосовото масло е богато со антиоксиданси кои дејствуваат како противотров за слободните радикали, кои се главни виновници за воспаленијата. Според спроведените медицински истражувања од Индија, содржината на антиоксиданси во кокосовото масло делува антивоспалително и поволно за разбивање камен во жолчката, проблеми со цревата и други болести на стомачните органи.

8. Го поттикнува метаболизмот

Еден од најдобрите и најлесните начини на забрзување на метаболизмот е консумирањето кокосово масло, кое е вистинско гориво за човечкиот организам.

9. Ја зголемува енергијата

Ова масло е еден од поважните извори на енергија и може да ја зголеми во телесниот систем. Калориите што ги содржи кокосовото масло се такви што експресни ја подигнуваат енергијата.

10. Ја спречува појавата на камен во бубрегот

Хемиските состојки во кокосовото масло можат да ја спречат појавата на камени во бубрезите, кои им штетат  на сите органи и многу се болни.

Како се користи кокосовото масло?

За да ги добиете оптималните придобивки од кокосовото масло, не треба да претерате. Покрај 1-2 лажици наутро, до крајот на денот може да земете уште неколку лажици од ова масло, во зависност од телесната тежина.

  • За тежина помеѓу 40 и 59 килограми, дозволени се најмногу 3 лажици дневно.
  • За тежина помеѓу 60 и 80 килограми дозволени се 4,5 лажици дневно.
  • За тежина поголема од 80 килограми, дозволени се максимум 6 лажици дневно.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote