Моќна комбинација на здрави состојки со скоро магичен ефект
Црниот дроб и цревата се едни од најактивните органи – тие се задолжени за чистење на нашето тело, земање на она што му треба на телото и исфрлање на целиот непотребен отпад и сите токсини што ги внесуваме.
Сепак, со текот на времето, им треба „мала помош“ за да се исчистат од наслагите на токсини и разни отпадоци што минуваат низ нив, а тоа да се направи на природен начин е секогаш најдобриот избор.
Ви претставуваме рецепт за моќен коктел кој ќе ги прочисти црниот дроб и цревата!
Состојки:
- 3 моркови,
- 2 зелени јаболка,
- 1 цвекло,
- половина лимон (без кора),
- парче свеж ѓумбир,
- неколку лисја свеж спанаќ или зелена салата.
Подготовка:
Измијте го и излупете го целиот зеленчук, ставете го во блендер и додадете две чаши вода. Измешајте го сокот и ставете го во фрижидер. Пијте ладно во текот на денот.
Еве каков друг бенефит ќе донесе овој моќен коктел:
Морковите го хранат црниот дроб со своите флавоноиди и витамин А;
Јаболковиот пектин му помага на телото да се ослободи од токсините;
Марулата го зајакнува имунитетот и обезбедува добра циркулација;
Ѓумбирот и лимонот придонесуваат за подобра функција на гастроинтестиналниот тракт, ја елиминираат надуеноста и го подобруваат метаболизмот;
Цвеклото содржи многу растителни влакна, што е одлично за цревата.
Коментари
Loading…