in

КОЛАБРИРАШЕ НА ТЕРЕН! Играчот на Атлетико Мадрид Дембеле колабрираше за време на тренингот! [ВИДЕО]

На управата и играчите на Атлетико Мадрид им прескокнаа срцето во вторникот, затоа што рутинскиот тренинг на мадридскиот клуб се претвори во застрашувачка сцена.

Вака изгледаше кога фудбалерот Муса Дембеле одеднаш се онесвести и падна на грб додека се протегаше со другите соиграчи.

Како што пишуваат шпанските медиуми, на Дембеле веднаш му било интервенирано и биле потребни неколку минути да му се стабилизира состојбата!

За тоа време, неговите соиграчи истрчаа кај амбулантите возила до теренот да ја донесат носилката, со цел да го одведат оттаму и да му дадат дополнителна помош.

За среќа, младиот 24-годишен играч успеа да го напушти тренинг центарот на свои нозе и подоцна да отпатува сам до дома со автомобил.

Последователните испитувања покажаа дека нема големи причини за загриженост и дека проблемот веројатно е предизвикан од низок крвен притисок.

Сепак, ваквите работи и ситуации не се толку ретки во денешниот фудбал, каде што секоја година добиваме информации на срцеви удар со фатални исходи на фудбалските терени ширум светот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote