
Потребни состојки за кора:
- 220 гр брашно,
- 35 гр пченкарен скроб,
- 100 гр шеќер,
- 1/4 лажиче сол,
- 230 гр несолен путер
Состојки за фил од лимон:
- 300 гр шеќер,
- 1/4 чаша брашно (32 гр),
- 4 јајца (собна температура),
- 120 ml свеж сок од лимон (1/2 чаша).
Дополнително:
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени целзиусови, и обложете го плехот со хартија за печење.
Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и пченкарен скроб.
Додадете путер и измешајте ја масата со рацете.
Смесата ставете ја во тавата и печете околу 20 минути на 170 степени целзиусови.
Подготовка за фил:
Измешајте брашно и шеќер, додадете јајца и сок од лимон.
Извадете ја скоро испечената кора и прелијте ја со фил.
Вратете се во рерна, печете околу 15-20 минути додека кората не порумени.
Оставете го колачот на собна температура да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да се зацврсти.
Колачот можете да го декорирате со шекер во прав.