Ако се мислите што да послужите со Вашето кафе или чај? Пробајте го овој рецепт и одлучете сами.

Состојки:
- 2 жолчки
- 250гр маргарин или путер
- 10 супени лажици шеќер
- 10 супени лажици млеко
- 1 ванилин шеќер
- 1 пециво
- 500-600гр. брашно
Подготовка:
Во еден длабок сад се ставаат жолчките, растопениот маргарин/путер, па се додаваат млекото, шеќерот и се меша додека состојките не се соединат. Потоа се додава постепено брашното и прашакот за пециво. Од тестото се праваат топчиња и се валкаат во двете белки и 150 гр. сусам (во посебни садови).
Се печат во предходно загреана рерна на 190 степени 20-25 минути.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…