in ,

СлаткоСлатко

Компирите можете да ги јадете додека сте на диета: Ова се начините како да ги подготвите

Во многу диети, компирот е „забранета храна“ која не смеете да ја консумирате доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми.

Главната трагедија кога станува збор за компирите е тоа што тие се исфрлени од бројните менија подготвени за слабеење. Истражувачите тестирале техника која му помага на човечкото тело полека да го вари скробот од компирот и на тој начин не го нарушува балансот на шеќерот во крвта, а не го доведува во прашање ниту слабеењето. Ова се начини на кои можете да јадете компир без да се грижите за килограмите.

1. Едноставна техника за правилно подготвување на компирот

Гответе ги компирите, изладете ги и замрзнете ги, бидејќи тоа значително го намалува гликемискиот индекс на компирот и го прави поздрав и похранлив. Потоа бланширајте го во 28 грама разреден оцет, бидејќи оваа постапка го намалува гликемискиот индекс за 30 до 40 проценти. Наместо оцет можете да додадете неколку капки сок од лимон, но важно е да запомните дека оцетот е помоќен во намалувањето на гликемискиот индекс. Лекарите дури и ги советуваат дијабетичарите да користат оцет во исхраната, бидејќи помага да се контролира нивото на шеќер во крвта.

2. Други методи за намалување на процесот на формирање на скроб во компирот

а) Исечете ги компирите на коцки и бланширајте ги 30 минути, кратко изладете и потоа варете, бидејќи така се намалува гликемискиот индекс и компирот полесно се вари.

б) Подгответе ги компирите така што ќе ги готвите во вода, на пареа или во микробранова печка без да додавате други состојки. Вака подготвениот компир ќе има помалку сол, шеќер и маснотии.

в) Друг начин на подготовка на компири на поздрав начин е да се зготват неизлупени, што обезбедува дополнителни влакна.

г) Јадењето две порции варена брокула со една порција пире од компири значително го намалува гликемискиот индекс.

3. Забавете го процесот на ослободување на скроб од компирот

Љубителите на компири открија два критични ензими во нашето тенко црево кои полека ослободуваат гликоза од компирот. Обично, овие ензими се движат побрзо, па побрзо го разградуваат скробот во компирот и брзо го претвораат во гликоза. Ако скробот во компирот полека се распаѓа, процесот на варење се забавува и компирот не може да биде штетен за дијабетичарите, ниту пак може да го загрози вашиот процес на слабеење, пишува Тајмс оф Индија.

4. Со што да не се комбинираат компирите

Не додавајте туна или пилешки гради во вашите компири, бидејќи со тоа се удвојува количината на инсулин што вашето тело треба да го обработи. Животинските протеини ги влошуваат работите, додека растителните протеини ги подобруваат, бидејќи амино киселините со разгранет ланец го забрзуваат метаболизмот.

Затоа, уживајте во компирот на вистински начин и не мора да ги исфрлате од исхраната.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote