in

Концерт со 50,000 присутни беше одржан во Нов Зеланд за прв пат по почетокот на пандемијата!

Над 50,000 лица беа присутни на концерт кој беше одржан во островската држава Нов Зеланд, со олабавени рестриктивни мерки.

Во државата која со строги мерки го победи коронавирусот, локалната група Сикс60 настапи пред огромна публика во Окленд и стави рекорд за најмногу посетители на еден настан од почетокот на пандемијата.

Во оваа држава има починати само 26 лица од почетокот, а моментално има околу 33 активни случаи. Во островот живеат над 5 милиони жители. Маските се носат само во јавниот превоз и авионите, додека физичката дистанца не е задолжителна.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote