in

Шише коњак од 1777 година продадено за астрономски 46.000 евра!

Коњак од 1777 година бил продаден за 40.500 фунти, или околу 46.000 евра, објавен е на веб-страницата за мрежни аукции на виски, што го направи ова шише коњак едно од најскапите во светот.

На страницата се наведува дека коњакот, дестилиран во времето на Луј XVI, во близина на местото Коњак, градот на југозападот на Франција по кој бил именуван пијалокот, бил во колекцијата на Жак Арди.

Коњакот, како што е наведено на страницата, се чувал во дабови буриња повеќе од 100 години, потоа во демихон, односно стаклен балон, потоа да се флашира во 1936 година.

На оваа аукција беа продадени и други пет шишиња коњак од истиот колекционер, датирани од 1802, 1812, 1856, 1906 и 1914 година, за вкупно 49.600 фунти или 56.500 евра.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote