in

Русија за протерување на дипломатот од Скопје: Ќе има контрамерки!

Русија денес остро го осуди протерувањето на рускиот дипломат од Скопје и најави дека ќе преземе контрамерки, објави руското Министерство за надворешни работи.

„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за „персона нон грата“. Ние силно ги осудуваме ваквите неосновани активности кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Македонија. Следуваат контрамерки “, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Македонија на 18 мај објави дека, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, дипломат во Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Македонија.

Се прецизира дека на 14 мај, рускиот амбасадор во Скопје бил поканет во просториите на тоа министерство, и дека потоа му бил „предаден белешка со која му се наложува на наведениот дипломат да ја напушти територијата на Македонија во рок од седум дена“.

Од министерството за надворешни работи не е дадено никакво соопштение во врска со идентитетот на рускиот дипломат!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote