in

ОЧЕКУВАНО! Копенхаген е најдобриот град во светот според квалитетот на животот!

Копенхаген е најдобриот град во светот според квалитетот на животот, покажа истражувањето на британското списание „Монокл“.

Ова е четврти пат главниот град на Данска да го добие тоа признание од почетокот на истражувањето во 2007 годинa.

Цирих, Хелсинки, Стокхолм и Токио се меѓу петте водечки градови според квалитетот на животот, бидејќи „Монокл“ го обнови рангирањето по едногодишна пауза за време на пандемијата Ковид19.

„Копенхаген е еден од оние градови во кои постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите“, рече главниот уредник на „Монокл“, Ендру Так.

„Амбициите за создавање почиста околина се најдобри на час и градот ги користи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции“, додава Так.

Годинашниот извештај анализира кои градови ги користеле изминатите месеци „за да градат подобро; да ги бранат своите економии и културни сцени; и да продолжат со проекти за да се осигураат дека се негуваат транспортни дела и паркови, но исто така и да се промовира граѓанска гордост“ истражувањето.

Поголем акцент е ставен и на граѓанското лидерство, политиките за домување и програмите за поддршка на претприемништво.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote