in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Нема повеќе да јa фрлате: Кора од банана која има 6 моќни ефекти, а третиот ќе го обожаваат жените!

A yellow banana peel on a blue background.
Можеби не сте знаеле, но кората од банана е исто така полна со хранливи материи. Во некои земји, како што е Индија, лушпата од ова вкусно овошје се смета за деликатес, но можете да ја користите и за разубавување.
1. Избелете ги забите

Протривајте ги забите со внатрешната страна од кората околу 2 минути на секое миење. Манганот, магнезиумот и калиумот добро делуваат за избелување на забите.

2. Отстранете ги брадавиците

Ставете парче кора од банана врз местото каде што имате брадавица и зацврстете го со леплива трака. Оставете да делува преку ноќ. Калиумот ќе ја отстрани брадавицата и ќе спречи повторно да избие.

3. Лечете ги акните

Протривајте со внатрешната страна на кората на местата каде што имате мозолчиња околу 10 минути. Остатоците на лицето оставете ги што подолго. Најдобро би било да се измиете пред да си легнете. Повторувајте ја постапката секој ден додека не ви се исчисти лицето.

4. Избркајте ги растителните вошки

Поставете кора од банана во вашата градина или бавча за да ги избркате непосакуваните штетници.

5. Збогатете ја водата за наводнување на растенијата

Ставете кора од банана во сад со вода и оставете ја да отстои преку ноќ. Кога ќе сакате да ги полевате цвеќињата, измешајте од таа вода со обична во размер 1:5.

6. Слабеење

Ако сакате да намалите од тежината, кората од зелени банани е подобра, бидејќи содржи повеќе пробиотици.
Вашиот метаболизам ќе се забрза, ќе согорувате повеќе калории, а мускулите ќе имаат доволно енергија.
Освен калиум, кората од банана содржи и влакна, витамини од групата Б и витамин А.
Можете да си направите смути – ставете кора од банана во блендер и додадете малку кокосово млеко, цимет, мраз и било која било друга состојка по желба (чиа семе, лен).
Може да подготвите чај – отстранете ги краевите и варете ја кората десет минути, а потоа исцедете ја, нека се олади малку и може да се консумира.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote