in

КОРОНА ПРОНАЈДЕНА ВО СЛАДОЛЕД, ИЛЈАДНИЦИ КУТИИ ОТСТРАНЕТИ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ! Кинеските власти ги ставаат луѓето во самоизолација

Тестовите за сладолед во Кина се позитивни на корона вирусот, а властите сега се обидуваат што побрзо да ги најдат луѓето што се во ризична категорија и потенцијално заразени.

Три примероци на локален сладолед биле контаминирани со вирусот во провинцијата Тијанџин, а врз основа на тоа се проценува дека дури 4836 кутии сладолед, од кои скоро половина се наоѓаат во магацин, може да биле заразени со вирусот.

Остатокот веќе е испратен во другите провинции и до продавниците, но „China Daily“ тврди дека само 65 кутии биле продадени во локалните продавници пред тоа брзо да се извади од фрижидерот.

Купувачите кои го земале овој семеен пакет од 450 грама сладолед, направен од млеко во прав од Украина и сурутка од Нов Зеланд, беа замолени од властите да ги реконструираат своите движења за да може да се следи потенцијалното пренесување на инфекцијата.

Повеќе од 1.500 вработени во компанијата од каде потекнува сладоледот биле испратени на самоизолација и биле тестирани.

Д-р Стивен Грифин, вирусолог, смета дека присуството на коронавирус на сладоледот најверојатно се должи на контакт со луѓе и дека станува збор за „изолирани случаи“.

„Постои голема шанса дека ова е резултат на дефект во самото производство или дури и во хигиената во фабриката“, рече тој, додавајќи дека начинот на кој се прави сладоледот и се чува на ниски температури е погодна и лесна основа за преживување на вирусот. .

„Но, сигурно не треба да паничиме и да мислиме дека сега секој сладолед ќе биде загаден со вирусот корона“, заклучи Грифин.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote