Собранието на Косово го одобри Предлог законот за буџетот за 2021 година. Премиерот Авдулах Хоти на Фејсбук соопшти дека со одобрувањето на буџетот се предвидува набавка на анти-ковид вакцини за што се обезбедени 40 милиони евра.
„Буџетот за 2021 година е одобрен, што обезбедува стабилност за функционирањето на институциите, соодветно здравствено финансирање за борба против пандемијата, вклучително и набавка на вакцини против ковид 40 милиони евра. Буџетот предвидува редовно финансирање на образованието, правдата, безбедноста и одбраната, културата, младите и спортот, редовно финансирање на социјални и пензиски шеми, финансирање на капитални проекти, редовно финансирање на општинскиот буџет. Буџетот предвидува реализација на Програма за закрепнување за 2021 година, и придонесува за култивирање на партнерства со меѓународни финансиски институции и други развојни партнери на Косово што недостасуваше во последниве години“ напиша Хоти.
Коментари
Loading…