in

НАЈНОВА СТУДИЈА! Секој трет пациент со ковид-19 има некаков вид на психијатриско нарушување!

Студија спроведена на 23.000 испитаници, претежно од Соединетите Држави, открила дека на еден од тројца поранешни пациенти кои имале корона има дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по третманот.

Ова укажува на заклучок дека бран на невролошки и психијатриски пациенти може да се очекува како последица на пандемијата.

Од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кај поранешните корона пациенти, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.

Студијата не утврди кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувач на овие нарушувања, но беше заклучено дека е потребно да се иницираат нови истражувања за да се утврди што ги предизвикува овие појави, како да ги спречи или како да се третираат медицински.

Врз основа на анализата на медицинските досиеја, откриено е дека повеќе од 236 илјади луѓе биле дијагностицирани со некаков невролошки или психијатриски проблем кај 34% од пациентите по шест месеци лежење.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote