in

Ковид-19 тестови со помош на телефонска камера?! [ФОТО]

Semic RF, со седиште во Минхен се надева дека ќе придонесе за почеток на тестирање на коронавирус со скенирање на очното јаболко, процес за кој наводно се потребни само три минути за да се идентификува носителот на вирусот, со стапка на точност од 95 проценти.

Семик РФ ја разви апликацијата за скенирање на очите со колеги од Соединетите држави и, во очекување на регулаторното одобрување, се надева дека ќе започне да се воведува до крајот на мај, рече директорот на компанијата Волфганг Грубер.

Процесот користи фотографија од очното јаболко направена со паметен телефон, а вирусот се идентификува доколку има симптоматско воспаление, кое се нарекува „розово око“.

„Успеавме да го изолираме постоењето на коронавирус од повеќе од два милиони различни розови нијанси“, рече Грубер за Ројтерс.

Тој додава дека апликацијата, која веќе е тестирана на повеќе од 70.000 лица, може да процесира до милион скенирања во секунда и дека постои можност да се зголеми тој капацитет, што на крајот може да им овозможи на повеќе луѓе да се вратат на масовни настани како на пр. концерти или фудбалски натпревари.

„По преземањето на апликацијата, фотографирате и од двете јаболчници, ја испраќате фотографијата за проценка, а потоа резултатот можете да го зачувате како QR-код на паметниот телефон на тестираното лице“, додаде Грубер.

Апликацијата првично е наменета за компании и комерцијални корисници. Цената ќе биде 480 евра месечно, а подоцна се планира да се примени и за приватни лица.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote