in ,

Што?Што? ТаженТажен

Крај на една ера- Барселона се збогува со Lionel Messi

Лионел Меси нема повеќе да игра за Барселона следната година.

 

Најдобриот фудбалер на сите времиња во Барселона, Лионел Меси повеќе нема да игра за каталонската гордост, откако шпанскиот великан се прости ос својот виртуоз, после официјалната објава дека поради „финансиски и структирни проблеми“ и покрај начелниот договор за нова соработка, не е во можност да се реализира сето тоа.

Каталонија прсна во плач поради заминувањето на Меси, а Аргентинецот од завчера бил во Каталонија и вчера требало да биде официјализирана соработката, арно ама наместо потпис се случила катаклизма. Како што објави шпанскиот новинар Феран Мартинез и самиот Меси бил шокиран кога му било соопштено дека договорот пропаѓа, а истото го објави и Фабрицио Романо.

„Меси е во шок! Вчера дојде во Барселона зашто денеска требаше да го потпише договорот со Барселона, со која претходните недели веќе имаше начелен договор, а сега треба да си оди. Лео сега сака да се прости од Каталонците, но тоа денеска нема да се случи. Прво сака да размисли сѐ за случувањата и да анализира што понатаму“, објавил Мартинез, инаку новинар на „Ел Мундо Депортиво“, најпознатиот спортски весник од Каталонија и ептен близок до Барса.

Клубот ја објави веста на својата веб -страница, со објаснување дека и тој и неговата икона се подготвени да ја продолжат соработката, но дека прописите на шпанската лига, односно финансиските ограничувања, не дозволуваат продолжување на таа соработка.

Меси пристигна во Барселона како 13-годишно момче од родната Аргентина за да добие статус на клупска легенда, а за многумина е најдобар играч на сите времиња, кој собори многу клупски рекорди, но и постави стандарди што многу фудбалери ќе се обидат да ги достигнат.

Тој дебитира за Барселона во 2004 година, играше за клубот 778 пати и постигна 672 голови и асистира 305 пати, освојувајќи 34 титули.

Барселона потсети на некои од тие моменти во видеото во кое се збогува со својата легенда.

 

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote