in

Кралицата Елизабета бара личност кој ќе го води нејзиниот Instagram профил!

Кралицата Елизабета ќе ангажира лице кое ќе го води Instagram профилот на Бакингемската палата за плата од околу 27.000 фунти годишно.

Огласот за ова работно место е објавен на официјалната веб-страница на The Royal Household „Кралското домаќинство“, а конкурсот трае до 7 февруари оваа година. Кралицата покрај наведената плата ќе плати и доделува и бонуси.

Од вработениот се очекува добро да внимава на деталите, мора да биде креативен и дигитално писмен, да има искуство со пишување текстови и по можност да има завршено високо образование.

“Ниту два дена нема да бидат исти, додека ги поддржувате другите, ќе имате исклучителни можности да ја развивате сопствената кариера. Ќе бидете охрабрени да влијаете во срцето на оваа позната институција”, гласи рекламата на Бакингемската палата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote