in

СлаткоСлатко

Кралицата Елизабета за јубилејот сними скеч со мече (ВИДЕО)

Скечот беше прикажан пред големиот платинест јубилеен концерт, на кој Падингтон и кралицата со шолја чај седат и разговараат во Бакингемската палата. Падингтон, голем љубител на џем, на кралицата ѝ нуди тост со џем, на што таа одговара дека таа ужина секогаш ѝ е подготвена, а потоа ја вади од чантата.

Камерата потоа ја прикажува толпата собрана пред палатата. „Забавата ќе започне наскоро“, ѝ кажува вработен во палатата на кралицата, по што Падингтон ѝ го честита јубилејот и им се заблагодарува на сите, со љубезно кревање на капата.

Мечето Падингтон е напишано од Бонд во далечната 1958 година. Тој секогаш носи препознатлива стара капа и капут, многу е љубезен, на сите им се обраќа со „господине“ или „госпоѓо“ и влегува во неволја затоа што е многу добар и затоа што секогаш сака да се направи сѐ како што треба..

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote