in

Крцкави брускети со моцарела, идеални за вечерна закуска

Брускетите со моцарела се лесен оброк, или предјадење, односно закуска која можете да ја подготвите за многу прилики. Постојат многу рецепти за оваа италијанска закуска, но основата секогаш е иста, лепче, моцарела сирење и домати.

Но, можете и да си додадете и намирници по ваш избор и вкус.

Потренби состојки за 4 порции:

  • 1 багет
  • 4 домати
  • неколку ливчиња свеж босилек
  • 200 гр моцарела
  • 50 гр пармезан
  • сол, бибер, оригано, маслиново масло, балсамико

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Багетот насецкајте го накосо на кришки со дебелина од еден прст. Кришките намачкајте ги со маслиново масло и ставете ги во рерна на неколку минути, додека добро не заруменат. Внимавајте да не загорат, доволни се само две до три минути. Завртете го и запечете го лебот и од другата страна.

Во подлабока чинија насецкајте ги доматите на мали коцки, додадете некое чешне лук, ситно сецкано (по желба), а потоа посолете, ставете бибер, оригано, малку балсамико и маслиново масло. Се добро измешајте.

На секоја кришка леб, ставете малку од сосот, изрендајте пармезан и вратете го во рерна на уште две минути додека моцарелата не почне да се топи.

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote