in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Крем од рузмарин кој ја омекнува кожата и олеснува бричењето

Ако повеќе сакате да се бричите отколку депилирате и тоа ви е попрактично, треба да знаете дека за тоа ви треба пена или крема за бричење.

Никогаш не треба да ги отстранувате влакната на „сува кожа“.

Доколку го немате омилениот производ за отстранување на влакна, можете сами да си направите крем за бричење.

Благодарение на него, кожата ќе биде мека, свиленкаста и поотпорна на бричење. Овој крем е добар и за оние со почувствителна кожа бидејќи главната состојка е рузмаринот, кој значително го храни површинскиот слој од него.

За разлика од стандардните креми за бричење, оваа не содржи сапун, кој ја суши кожата.

Состојки:

  • 1/3 чаша шеа путер
    1/3 чаша кокосово масло
    1/4 чаша масло од јојоба
    10 капки есенцијално масло од рузмарин
    5 капки есенцијално масло од нане

Подготовка:

Во мало тенџере на средна температура измешајте шеа путер и кокосово масло и загрејте ги додека не се стопат, тргнете го од шпорет и истурете во тегла. Додадете есенцијални масла и масло од јојоба, а потоа измешајте сè.

Ставете го во фрижидер додека не се стегне, еден до два часа. Изладената смеса изматете ја добро со стапче или обичен миксер додека не стане воздушеста. Смесата вратете ја во теглата, затворете ја цврсто и чувајте ја на темно и ладно место до 5 месеци.

Користете го кремот едноставно со нанесување на влажна кожа пред бричење.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote