Крем-супите се одличен избор за брз ручек
Состојки:
- 500 гр компири
- 500 гр карфиол
- 1 кромид или праз, по желба
- 1 чешне лук
- 800 мл чиста супа
- 50 гр сланина
- 4 лажици маслиново масло
- 50 гр путер
- сол, бибер
Подготовка:
Измијте ги компирите и исечете ги на мали коцки. Карфиолот исто на помали парчиња и измијте го. Кромидот и сланината ситно исечкајте ги.
Загрејте го маслиновото масло на умерена температура, а потоа додадете го кромидот. Пржете го неколку минути додека не порумени и потоа додадете сланина.
Изгмечете го лукот, испржете сè заедно една минута, а потоа додадете карфиол и компири.
Додадете сол, бибер, топла супа и варете 15 минути, додека компирот не се свари.
Потоа извадете го од шпоретот, додадете путер и со блендер изблендирајте се заедно додека не добиете кремаста супа.
Додадете дополнително сол или бибер, ако сакате.
Пријатно!
Коментари
Loading…