in

Кремот на Клеопатра: Направете свој домашен крем кој ја негува, хидрира и освежува кожата, без штетни состојки!

Ви приготвивме рецепт за потполно природен крем за лице и тело, кој има сè што и треба на вашата кожа за да стане помека, почиста, поубава, похранета.

Упатствата ги најдовме на блогот Nurturinghealththroughnature и кремот навистина не е тежок за правење, а се прави според рецептот на Египетската владателка Клеопатра.

Потребни состојки:

  • 20 гр пчелин восок
  • 1/3 чаша кокосово масло
  • 1/2 чаша маслиново масло (или сусам, бадем)
  • 1 лажичка есенцијално масло од роза или друг – ваш омилен, нежен за кожата, иако оваа состојка не е потребна
  • 100 ml гел од алое вера
  • 150 мл вода од ружа (како да ја направите, прочитајте во текстот 3 начини да направите розова вода)

Кремот е составен на база на масло и вода – 50:50.

Растопете го восокот и кокосовото масло на пареа. Измешајте гел од алое вера и розова вода и оставете ги настрана.

Извадете ги стопениот восок и маслото од топла вода и оставете ја смесата малку да се излади – да биде топла на допир, но не и жешка. (Само проверете дали восокот и маслото повторно не се зацврстуваат).

Истурете маслиново масло во оваа млака смеса и промашете. Додадете и есенцијални масла, доколку користите. Веднаш ставете ја смесата во блендер. Нежно измешајте ги состојките и истурете ја мешавината од гел од алое вера и розова вода – малку по малку. Се меша во блендер додека сите состојки не се соединат целосно.

Ќе добиете 50 ml крем за лице и можете да го чувате во тегла. Можете исто така да користите филтрирана вода наместо розова вода. Интересно е што овој крем има долг рок на траење – до една година. Нанесете го на чисто лице по потреба, по можност наутро.

Што мислите, дали вреди да се прави? Дали е ова крем за лице и тело за вас?

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote