in ,

СмешноСмешно Што?Што?

НЕВЕРОЈАТНО! Кројач во Швајцарија „брка“ светски рекорд со панталони од 70 метри! [ФОТО]

Кројач во Швајцарија зашил панталони со големина од скоро 70 метри и тешки 700 килограми, во надеж дека ќе го сруши светскиот рекорд.

Кројачот Квендекар Келеш им ги покажа огромните панталони на жителите на швајцарскиот град Беромунстер, а како што истакна, му биле потребни осум месеци да ги направи пантолоните на машина за шиење.

Тој се надева дека ќе биде запишан во Гинисовата книга на рекорди, а доколку успее во тоа, од панталоните планира да направи 12.000 вреќи со платно, кои ќе ги донира или продаде во локалните продавници.

„Ова е можност да се подигне свеста за загадувањето со пластика на нашата планета“, изјави за ДПА Патрик Куршелас, кој го поддржува Келеш во неговиот потфат.

Келеш пристигна во Швајцарија пред 11 години од Сирија и отсекогаш сонувал за овој или за сличен проект, рече Куршеlас.

Тој имаше поддршка од 50 лица кои му помогнаа за време на шиењето со специјална техника за подигнување на ткаенината, која чини околу четири илјади евра, а беше спонзорирана од донатор кој сакаше да остане анонимен.

Досега, најдолгите панталони на светот, 65,5 метри, се исечени во Лима, Перу, а светскиот рекорд беше поставен во 2019 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote