Индиската полиција уапси Јутјубер затоа што тој го врзал своето куче за балони со хелиум за да може да полета.
Гаурав Шарма (32) сними видео од неговото куче закачено за балони, кое потоа го објави, пренесува BBC.
Кучето полета, а неколку секунди подоцна, некој од балконот на вториот кат од зградата успеа да го фати.
Delhi | YouTuber Gaurav Sharma arrested for cruelty to an animal after he posted a video on social media where he floated up a pet dog in the air by tying hydrogen balloons on its back, risking its life: DCP South Atul Thakur
(Pic-Screengrab of the video) pic.twitter.com/jYHKUjMdG3
— ANI (@ANI) May 27, 2021
Шарма рече дека ги почитува сите безбедносни процедури, но го избриша спорното видео, по големиот негодување на социјалните мрежи.
Тој го објави на својот канал, кој има повеќе од четири милиони претплатници.
Во видеото, тој рече дека е инспириран од видеа на други јутјубери, кои ги гледал како прават слични работи.
Полицијата соопшти дека Шарма е уапсен по претставка против него од страна на организацијата за заштита на животни „Луѓе за животни“.
Коментари
Loading…