in

Куче чувар мирно спие за време на „вооружен грабеж“! [ВИДЕО]

Снимките од надзорните камери од една златарница во Тајланд станаа вирални откако сопственикот на објектот ги сподели на социјалните мрежи.

Имено, полицијата ја посети продавницата за да ги обучи вработените како да реагираат во случај на вооружен грабеж. На видеото може да се види и куче чувар, хаски по име Лаки, како спие мирно пред пултот додека влегува лажен вооружен разбојник и со пиштол во раката ги прашува вработените и сопственикот да му ги предадат скапоцените камења.

И покрај немирот и заканите упатени кон неговиот сопственик, кучето Лаки не се ни помрднало додека „разбојникот“ не го напуштил објектот.

Ова видео собра повеќе од милион прегледи на Facebook.

„Вооружениот разбојник на ова видео е полицаец што го знае моето куче Лаки, можеби затоа не реагираше“, вели сопственикот на веб-страницата „Bored Panda“. „Многу ми беше смешно како тој не стори ништо и продолжи да спие мирно“, додаде сопственикот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote