in

Куче го чекаше сопственикот пред болницата една недела!

Верното куче чекаше скоро една недела пред болницата во Турција, сè додека неговиот сопственик не беше пуштен по лекувањето.

Женка од мешана раса по име Бонџук, што на турски значи бисер, беше наградена за нејзината верност со емотивна средба со сопственикот Кемал Шентурк (68), кога тој конечно беше пуштен од болница во североисточниот турски град Трабзон.

Шентурк беше пренесен во болница на 14 јануари, поради емболија, а Бонџук, кого го доби името по кафеавите очи, ја следеше брзата помош.

Оттогаш чекала пред болницата, а вработените понекогаш ја хранеле. Ќерката на Шентурк неколку пати се обиде да ја донесе Бонџук дома, но секој пат бегаше за да се врати во болницата.

Кога Шентурк конечно излезе од болницата оваа недела, Бонџук трчаше околу неговата инвалидска количка, скокајќи и мавтајќи со опашката.

“Човекот се чувствува многу среќен поради ова. Тоа куче е многу важно за нас, како човечко суштество, и јас сум многу среќен поради тоа”, рече Шентурк.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote