in

СлаткоСлатко

Куче на француските специјалци постхумно наградено за спасување човечки животи! [ВИДЕО]

Леук, куче на француските специјалци, ја доби наградата за храброст на британската фондација за животни, откако тој спаси животи на луѓето за време на антит.ерористичката операција во Мали.

Петгодишниот белгиски овчар „Леук ла Шанс“ беше у.биен во операција во мај 2019 година, кога беше за.стрелан од вооружен бунтовник.

Неговото тело беше вратено во Франција покриено со француско знаме и беше пречекано со почесен чувар, како човечка жртва на в.ојна.

Тој постхумно беше награден со медал PDSA Дикин за храброст за операцијата во април 2019 година, кога оневозможи двајца в.ооружени бунтовници кои се криеја во густата вегетација во близина на француските воени сили.

“Леук трчаше низ огнот додека непријателот п.укаше во него и војниците. Тој ги нападна бестрашно, дозволувајќи им на единицата да ги неутрализира”, напиша фондацијата PDSA.

Подоцна во истата мисија, тој нападна друг бунтовник, овозможувајќи им на француските сили да неутрализираат уште четворица напаѓачи, а во потрага по е.ксплозив, тој престигна друг бунтовник и ги спаси животите на француските војници.

Медалот Дидин PDSA се доделува уште од Втората светска војна на животни кои покажале голема храброст и посветеност во војните.

Првпат беше награден во 1943 година, а меѓу добитниците се и кучиња, гулаби, коњи и мачка.

Во Мали, поранешна француска колонија, 5000 француски војници се распоредени да се борат против исламистичкиот бунт од 2013 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote