Француската локална полиција претстави кучиња обучени да мирисаат на коронавирус, чија задача ќе биде откривање на овој вирус за време на фестивалот во Кан.
Да потсетиме, студиите покажаа дека кучињата брзо учат како да мирисаат на коронавирусна инфекција.
Кучињата можат да бидат обучени да детектираат повеќе од 90 проценти од инфекции со ковид-19, дури и кога пациентите се асимптоматски, покажува студијата на Лондонското училиште за инфективни болести и тропска медицина, објавена во мај годинава.
Користејќи го своето извонредно чувство за мирис, кучињата претходно докажаа дека можат да мирисаат на болести како што се рак, маларија или епилепсија.
Научниците од Лондонското училиште за инфективни болести и тропска медицина, со својата студија се обидоа да утврдат дали кучињата можат да детектираат препознатлив мирис на хемиски соединенија поврзани со козида-позитивни луѓе кои не покажуваат симптоми на болеста.
Коментари
Loading…