in

Бајден ги врати кучињата во приватна резиденција затоа што нападнале член од обезбедувањето!

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги врати своите две кучиња во приватна резиденција во Вилмингтон, Делавер, по инцидентот во кој едно од кучињата гризна член на обезбедувањето на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Тригодишното куче Major, помладо од двајцата германски овчари на претседателот, се однесувало агресивно, скокајќи, лаејќи и напагајќп ги вработените во Белата куќа и агентите за безбедност, објави CNN повикувајќи се на анонимни извори.

Изворите го спомнале инцидентот со напад без да наведат дали има повредени. Инцидентот, сепак, се сметаше за сериозен за две кучиња, Major и 13-годишниот Champ, да бидат вратени во куќата на Бајден во Вилмингтон минатата недела.

Major, кога Бајден и неговата сопруга Џил посвоија од прифатилиште за животни во ноември 2018 година беше првото посвоено куче во Белата куќа каде се пресели со семејството Бајден по инаугурацијата во јануари.

Засега е непознато кога и дали на кучињата на Бајден ќе им биде дозволено да се вратат во Белата куќа.

Во интервју минатиот месец, првата дама Џил Бајден изрази загриженост за сместување на кучиња во нивната нова резиденција во Вашингтон.

„Тие треба да се качат на лифтот, на кој не се навикнати, и да излезат во дворот каде што има многу луѓе што ги гледаат“, изјави таа за телевизијата НБЦ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote