in

Фудбалски клуб од Белгија користи кучиња за да открие нови случаи на коронавирус!

Белгискиот фудбалски клуб Остенде потпиша договор со локална агенција за кучиња, со цел да се откријат нови случаи на коронавирус.

Неколку тестови покажаа дека употребата на кучиња може да биде корисна, а таков начин на работа се практикува на аеродромите во Финска и Обединетите Арапски Емирати, објави веб-страницата на клубот.

“Кучињата пронајдоа неколку играчи кои првично имаа негативни тестови. По неколку дена, тие беа позитивни на коронавирус. Кучињата веќе го почувствуваа тоа”, изјави портпаролот на локалната агенција за кучиња.

Клубот исто така објави дека е финансиски невозможно да се обезбедат тестови за коронавирус за сите навивачи, се со цел нивно враќање на стадионите, додавајќи дека се горди што се иницијатори на новиот пристап.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote