Тенисерката Серена Вилијамс ја продава својата вила во Беверли Хилс за 7,5 милиони долари, луксузен имот што го купи во 2017 година за милион и пол долари помалку.
Куќата на тенисерката се простира на парцела од околу 1000 квадратни метри и се наоѓа во посебна населба каде што можат само сопствениците на домови и нивните најавени гости. Луксузната вила има пет спални соби и пет бањи, а балконот нуди фантастичен поглед кон Лос Анџелес.
Вилата е опремена со многу луксузни детали, па како дел од пространата кујна има застаклена визба за вино со посебна температура во просторијата. Сите работни површини во кујната се во темно мермер, а има и бар, теретана и базен.




Коментари
Loading…