in

Што?Што?

Холандски пар ќе живее во куќа „отпечатена“ со 3Д-машина за бетон! [ФОТО]

Една холандска двојка стана прва во Европа што живееше во куќа „отпечатена“ со 3Д машина за бетон, а луѓето кои го поддржуваат овој проект изјавуваат дека ќе му ја отворат можноста на светот да ги обликува куќите на иднината според нивните желби.

Елиза Лук (70) и Хари Декерс (67), поранешни продавачи од Амстердам, добија дигитален клуч во четвртокот – апликација што со само едно притискање на копчето ја отвора влезната врата од двособен бунгалов, пренесува Гардијан.

“Таа е прекрасна. Се чувствувате како да сте во бункер – се чини многу безбедно”, рече Декерс.

Новата куќа се состои од 24 бетонски елементи кои беа отпечатени слој по слој во Ајндховен пред да бидат пренесени со камион до местото на склопување.

Потоа беа додадени покривот и прозорците и беа извршени завршните работи на куќата од 94 квадратни метри. Би било тешко да се направи куќа како оваа со употреба на традиционални методи, а зградата е прва од петте што градежната компанија „Сент Гобан Вебер Бемикс“ планира да ја изгради во предградијата на Ајндховен.

Во последните две години, куќите се делумно изградени со бетонски 3Д печатач во Франција и САД, а проектите полека се шират низ целиот свет.

„Ова е прва куќа одобрена од властите 100 проценти и населена со луѓе кои плаќаат да живеат таму“, рече Бас Хајсманс, извршен директор на Вебер Бенелукс.

3Д-печатењето се врши со голема роботска рака што исфрла цемент од горниот дел на цевката и го реди слој по слој, правејќи sидови. Хајсманс рече дека за печатење на куќата биле потребни 120 часа работа со бетонски 3Д печатач.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote