in

НЕВЕРОЈАТНА НАГРАДА! Куќата од која избегал Ел Чапо како награда на лотарија во Мексико!

Мексиканската влада ја нуди куќата од која наркобосот Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, избега во 2014 година, а потоа беше осуден на доживотен затвор во САД.

Куќата во Кулијакан, главниот град на мексиканската држава Синалоа на северо-истокот на земјата, се проценува на 3,6 милиони пезоси, или околу 184 000 долари, според веб-страницата на Националната лотарија. Тоа е дел од наградата, чија вкупна вредност е околу 12,5 милиони долари, што Владата ги намести за кругот на лотаријата на 15 септември.

На 16 февруари 2014 година, Ел Чапо избегал од таа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години подоцна во државата Синалоа и испратен во затворот од кој избега.

Повторно беше уапсен во 2016 година, следната година беше екстрадиран во САД и во јули 2019 година беше осуден на доживотен затвор во Њујорк. Тој ја издржува казната во високо-безбедносен затвор во Колорадо. Со години важеше за најмоќниот дилер на дрога во светот.

Владата на левичарскиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, претходно безуспешно се обиде да ја продаде својата куќа и другиот конфискуван имот, што ги доби преку организиран криминал. Лопез Обрадор тогаш изјави дека има намера парите од таа продажба да ги потроши на образование и здравство.

Владата нуди и куќа во горниот кварт Педрегал, во јужниот дел на Мексико Сити, која беше во сопственост на Амад Карил, покојниот шеф на картелот Хуарез.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote