in

Кулата Таџ Махал се обновува!

Во тек се работите за реновирање на кулата на историскиот архитектонски споменик Таџ Махал, што го изведува Археолошкиот институт од Индија, пренесува Анадолија.

По шестмесечна пауза поради епидемијата ковид-19, Таџ Махал повторно се отвори во септември.

Таџ Махал е една од најпознатите туристички дестинации во Индија, која во просек ја посетувале околу 70 000 туристи на ден пред пандемијата.

Едно од седумте светски чуда и споменик на UNESCO, Таџ Махал беше затворен во март, како дел од рестриктивните мерки против пандемијата ковид-19.

Тоа беше најдолгиот период во кој Таџ Махал беше затворен од 1970-тите, кога беше затворен двапати поради индо-пакистанската војна и поплавите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote