Ливерпул ја пропушти шансата да се најде на врвот на Премиер Лигата, но беа среќни што извлекоа бод со аутсајдерот Фулам. Екипата на Фулам доминираше цел натпревар и успеа да поведе со голод на Реид во 25тата минута по одличната асистенција на Локман.
Мохамед Салах постигна гол од белата точка за да им донесе поен на Ливерпул, откако ја пласираше топката под голманот Алфонсе Ареола. Пеналот беше доделен откако Камара играше со рака по слободниот удар на Вајналдум. Натпреварот заврши со 1-1.
Коментари
Loading…