in , ,

Што?Што?

Дали Лејди Гага ќе ја глуми Харли Квин во „Joker 2“ ?

Оскаровката од филмот „A Star is Born” е во преговори да се појави наспроти Хоакин Феникс во продолжението на филмот „Joker” на режисерот Тод Филипс. Филмот ќе биде мјузикл, а според „Холивуд Репортер”, Лејди Гага би требало да се појави во улога на Харли Квин, доколку пејачката и актерката успешно го финализира договорот за снимање на филмот.
Минатата недела, режисерот Филипс, преку својот Инстаграм профил потврди дека веќе работи на долгоочекуваниот проект, објавувајќи ја насловната страница на сценариото за филмот, каде се гледа дека автори се Филипс и Скот Силвер.

Налсовот на продолжението на филмот, „Joker: Folie à Deux”, упатува на медицинска состојба каде што „идентично или слично ментално нарушување влијае на две или повеќе поединци, обично членови на исто семејство”. Ако е вклучен Џокер, единствениот лик со кој канонски би споделил ментално растројство би била Харли Квин. Квин често е прикажана како психијатар во менталната болница Аркам во Готам Сити, каде што го запознава Џокер и се вљубува во него.

 

Филмот „Joker” на Тод Филипс е сместен во минато време, и ја следи приказната на Артур Флек, уличен кловн и човек со сериозни ментални нарушувања кој полека го прифаќа идентитетот на Џокерот и го инспирира населението во Готам Сити на мрачни и застрашувачки начини.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote