in

Лејди Гага во венчаница на снимањето на филмот на Ридли Скот! [ФОТО]

Американската пејачка Лејди Гага моментално е во Рим каде снима сцени за новиот филм на Ридли Скот „Гучи“ за познатото убиство на Маурисио Гучи, што го испланирала неговата сопруга Патриша.

Новиот филм на Ридли Скот се занимава со тоа како Патриша Реџани го испланирала убиството на нејзиниот поранешен сопруг Маурицио Гучи, внука на основачот на модната марка „Гучи“, која ќе ја игра оскаровецот Адам Драјвер.

Маурицио Гучи имал две ќерки со Патриша, но тој ја оставил за друга жена. Патриша имала операција на тумор на мозок, а ќерките тврдат дека тоа е причината за нејзините постапки. Медиумите ја прикажуваа како ладнокрвна „црна вдовица“ во текот на целата афера. На судењето, таа најпрво беше осудена на 29 години затвор и одлежа 18 години.

Приказната за убиството на Гучи ја напиша Роберто Бентивежа, базирана на книгата на Сара Гак Форден Куќата на Гучи: Сензационална приказна за убиството, лудилото, гламурот и алчноста.

Како и обично, Ридли Скот работи со првата актерска лига, па поделбата во филмот „Гучи“ ветува. Џереми Ајронс, Жеред Лето, Ал Пачино се само некои од познатите имиња што ќе се најдат заедно со Лејди Гага и Адам Драјвер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote