Возејќи со просечна брзина од околу 240 километри на час, Италијанската полиција успеа да пренесе бубрег за трансплантација од Рим до Падуа, градови кој се одалечени 480 километри меѓу себе, за само 2 часа. За ова достигнување тие ја употребија колата Lamborghini Huracan, кој бил специјално модифициран за извршување на вакви специфични работи, и бил набавен од Италијанската полиција во 2017.

Патот на бубрегот започна во Рим, кој се наоѓа во центарот на Италија. Мораше брзо да биде пренесен во универзитетот Болницата Гемели која се наоѓа на северот од државата и е одалечена 480 километри од главниот град. Според Google Maps, потребното време да се помине таа далечина помеѓу Рим и болницата е потеребно 5 часа. Сеуште не е познато зошто хеликоптер не го доставил бубрегот, како што обично се случува во поразвиените земји.
Коментари
Loading…