in

Лампард: Челзи мора да остане скромен!

Менаџерот на Сините, Френк Лампард вели дека Челзи мора да остане скромен по одличниот настап на неговиот клуб против Њукасл. Челзи моментално е на втората позиција во Премиер Лигата. Авто-голот на Федерико Фернандез и одличниот гол на Тами Абрахам им донесоа победа на Лондончани со резултат од 2-0.

Оваа победа е петта на Челзи во рамките на Премиер Лигата. Моментално тие се на втората позиција и имаат ист број на бодови со Лестер, но имаат и подобра гол разлика. „Знам дека бевме на врвот на Премиер Лигата за неколку минути, но мора да размислуваме за големата слика. Свесни сме дека сме подобрени, но мора да останеме скромни и да се фокусираме на следните натпревари.“ изјави менаџерот Лампард.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote