Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл ја освои својата прва пол позиција на сензационален начин во хаотичните квалификации на влажна патека во Истамбул Парк. Строл успеа да биде подобар од Макс Верстапен за само 0.290 секунди. Луис Хамилтон, кој е на чекор до својата седма титула, успеа да се искачи само до шестата позиција. Неговиот тимски колега, Ботас, заврши на деветата.
Серхио Перез е третиот, веднаш зад Строл и Верстапен, а зад него се Албон и Рикардо. Хамилтон беше разочаран од неговата квалификација, но веќе е сигурно дека ќе ја освои титулата и оваа година. Зад Хамилтон се најдоа Окон и Раиконен, а последен во Q3 беше Џовинаци.
Коментари
Loading…