Британскиот Формула 1 возач Ландо Норис соопшти дека создава свој е-спорт тим со името Quadrant. 20-годишникот доби големо внимание на социјалните мрежи кога учествуваше во онлајн трките што ги организираше F1 за време на карантините. Норис сега ќе го гледаме во ново издание и ќе видиме како тој, задено со неколку познати стримери, се натпреваруваат во различни видео игри.
„Quadrant е нешто што сакав да го направам долго време. За време на карнатините размислував додека стримав за моите фанови и се повеќе и повеќе навлегував во идејата. Мислам дека тоа е причината што конечно се одлучив да го лансирам овој тим“ изјави Ландо Норис за медиумите. Норис не е еднинствен возач кој има свој сопствен е-спорт тим. Првиот кој тоа го направил е Роман Грожан кој го лансираше својот тим во Април оваа година.
Коментари
Loading…