in

Уште еден возач на Формула 1 се зарази со Ковид-19!

После Ф1 шампионот, Луис Хамилтон, уште еден случај на коронавирус е потврден во „најбрзиот циркус на светот“. Возачот на Мекларен, Ландо Норис ја информираше јавноста дека е позитивен на ковид-19.

Во понеделникот Норис соопшти дека го загубил сетилото за мирис и вкус, по што веднаш отиде во изолација и беше тестиран, а резултатите беа позитивни на коронавирус.

– Добро се чувствувам и немам други симптоми, но сакав да ја информирам јавноста – рече Норис.

Воедно ги извести сите со кои беше во контакт, а наредните 14 дена ќе ги помине во изолација.

Минатата сезона членот на Мекларен ја заврши на деветтото место и учествуваше во освојувањето на третото место на тимот во конкуренцијата кај конструкторите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote