in

Лапорта потврди: Роналд Куман останува на клупата на Барса!

Роналд Куман ќе остане на клупата на Барселона, потврди претседателот на клубот Лапорта.

Куман има договор до крајот на следната сезона, но не се знаеше дали ќе остане на тренерската позиција. Сега, Лапорта потврди дека Барса сака да оствари континуитет и затоа ќе го задржи Куман барем уште следната сезона.

Синот на популарниот Јохан Крајф, Џорди Крајф, ќе добие „стратегиска улога“ во стручниот штаб на Барселона. Крајф претходно беше менаџер на кинескиот клуб Шенжен.Тој претходно настапуваше за Барселона од 1994 до 1996 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote