in

Лапорта повторно председател на Барселона!

Жоан Лапорта беше избран за нов претседател на Фудбалскиот клуб Барселона со мнозинство гласови од членовите на клубот (социо). Тој го наследи Хосеп Бартомеу, кој се повлече од лидерската позиција во октомври минатата година.

Лапорта се враќа на кормилото на клубот по 11 години. Во неговиот прв мандат на „Камп Ноу“ (15 јуни 2003 година – 30 јуни 2010 година), тој освои четири Ла Лига, две Лиги на шампиони, три Суперкупа на Шпанија и еден Куп на кралот, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.

Право на глас имаа нешто повеќе од 110.000 членови, а ново-стариот лидер доби 54,28 проценти од гласовите, односно поддршката од 30,184 социоса. Втор беше Алеш Фонт (29,99%, 16679 гласови), а трет беше Тони Фреиша (8,58%, 4,769).

Почитуван каталонски адвокат и професор по право на Универзитетот во Барселона ќе го води клубот до 2026 година, а прашањето на сите прашања е дали Лионел Меси, чиј договор истекува на крајот на сезоната, ќе остане на „Камп Ноу“. За време на изборната кампања, Лапорта тврдеше дека тој е кандидатот што ќе го задржи Аргентинецот во клубот.

Барселона е втора во шпанскиот шампионат со три бода помалку и натпревар помалку од Атлетико Мадрид.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote