in ,

Лазаров даде изјава за VakaTaka.mk после пранкот во Чаир.

Лазаров е еден од најголемите ѕвезди во Македонија кога станува збор за Youtube сцената. Стана познат по својот дуел со Сергеј Варошлија.

За брзо време успеа да собере над 30.000 следбеници на Youtube што е бројка на која завидуваат сите во оваа бранша. Тој стана познат по својот серијал караоке во кола, но и доста интересни пранкови.

Знаете како викаат…Вака-Така.. еден ден ќе јадеш пранк и ти… ама за сите пари хахах. – Тоа и се случи.

Лазаров влезе во гостилницата, нарача вода бла бла.. да не го повторуваме видеото, доколку не сте го гледале, погледнете го најдоле во нашиот пост.

Ајде да преминеме на главното:

Редакцијата на VakaTaka.mk беше поканета на настанот, за да земе изјава од Лазаров, по завршувањето на пранкот. Нашите репортери седеа скриени и едвај ја чекаа најбитната случка, а тоа е кога пиштолот беше вперен во Лазаров, а неговата крв целосно се заледи.

Во тој момент на Лазаров главна помисла му беше, дај боже да е ова пранк и да не е вистина, и крвно се заколна дека доколку навистина е пранк (како што и посакуваше) – никогаш нема повторно тој да направи пранк на некого, бидејќи го осети најлошото на своја кожа.

Одкако заврши се, и пиштолот беше тргнат од неговото чело, сите го изгушкаа Лазаров, како поддршка против срцев удар, а келнерот веднаш му донесе шеќер и вода.

Тој момент беше клучен за репортерите на VakaTaka.mk да влетаат и да земат изјава, а продолжението следеше ВАКА: Лазаров како се осеќаш по овој пранк, и дали после ова ти би се осмелил да направиш пранк на некого?

А Лазаров ни одговори ТАКА: а..да..не..нез.. * пивнува една голтка од шеќерот и водата* (и продолжува..) јас..б.. чек..ј… * се обиде да стане од столицата, на која седеше, додека пиштолот беше вперен во него, но тоа беше лоша идеја бидејќи нозете му се тресеа, сеуште* у…курац… – изјави Лазаров за VakaTaka.

Во продолжение, повелете видеото, доколку сеуште не сте го гледале:

Како ви се допаѓа?

3 поени
Upvote Downvote